Во Косово стапува на сила одлуката за замена на српските со косовски таблички

Во Косово од денеска стапува на сила одлуката на владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите во Косово.

Во наредните три недели, на возилата кои ќе се затекнат со српски таблички ќе им се изрекува „укор“, а потоа ќе почнат да се изрекуваат и парични казни.

Додека од 21 јануари до 21 април ќе им се издаваат пробни таблички. Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност и дека е подигнато нивото на борбена готовност поради ситуацијата на Косово и Метохија.