Во „Козле“ дневно се прегледуваат стотина пациенти – најчести симптоми се покачена температура и отежнато дишење

„Имаме и зголемен број на хоспитализации. Кај пациентите со потреба прво ординираме антибиотска терапија за дома, доколку се работи за бактериска инфекција, а оние со потешки симптоми и потреба од кислород се хоспитализираат. Во моментот, во нашата болница се хоспитализирани околу 60 пациенти“, велат од болницата.

Во Детската болница – Козле има зголемен број на деца со респираторни инфекции. Дневно се вршат и по стотина прегледи, а најчести симптоми се покачена температура и отежнато дишење.

Најмногу на удар се претшколски и школски деца.

„Имаме и зголемен број на хоспитализации. Кај пациентите со потреба прво ординираме антибиотска терапија за дома, доколку се работи за бактериска инфекција, а оние со потешки симптоми и потреба од кислород се хоспитализираат. Во моментот, во нашата болница се хоспитализирани околу 60 пациенти“, велат од болницата.

Лекарите истакнуваат дека загадениот воздух дополнително ги оптоварува дишните патишта кај децата, а есента е особено проблематична за децата со астма и алергии, кај кои може да се појават компликации.

„Сега веќе и алергиите и астмите се активни. Есента е карактеристична за овие пациенти, затоа оние со астма треба редовно да ја примаат својата терапија за да се избегне влошување на состојбата“ – велат од „Козле“.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во последната недела се регистрирани 117 случаи на грип и слични заболувања.

Најмногу заболени има во Гостивар, Куманово и Тетово.