Во Киев е обновено снабдувањето со електрична енергија за 748.000 домаќинства
Во Киев обновено е снабдувањето со електричната енергија за 748.000 домаќинства по вчерашниот руски напад, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на Телеграм каналот на украинската енергетска компанија ДТЕК.

„Успеавме да го обновиме снабдувањето со електрична енергија во критичната инфраструктура и во сите домови во главниот град по вчерашниот напад“, се вели во соопштението.
Како што објави Укринформ, во Киев и регионот имаше проблеми со затоплувањето и снабдувањето со вода како резултат на вчерашниот напад.
Русија ги засилува нападите врз енергетскиот систем на Украина во последните недели и ја продолжува својата воена офанзива и покрај напорите предводени од САД за завршување на војната во Украина.