Во Квинс маж уби четворица членови на семејството и избоде двајца полицајци пред да биде застрелан

Маж уби четворица членови на семејството, вклучително и две деца, во нивниот дом во Квинс во Њујорк и избоде двајца полицајци кои потоа го застрелале.

Осомничениот е идентификуван како Кортни Гордон, 38-годишен жител на Бронкс, кој бил во посета на семејството во нивниот дом во населбата Фар Рокавеј, соопшти полицијата.

Меѓу жртвите има 12-годишно момче, 44-годишна жена, маж на возраст од 30-години и 11-годишно девојче.

Нивниот идентитет се уште не е соопштен.

Двајцата полицајци, едниот прободен со нож во пределот на вратот, а другиот исечен по главата, се хоспитализирани.