Во Канада властити мораа да уништат 15 милиони дози Ковид вакцини поради нивниот поминат рок на траење.
Информациите се дека во земјата се уништени 13,6 милиони вакцини „АстраЗенека“ и околу 1,2 милиони дози „Модерна“.
Канада сакала да ги донира вакцините „АстраЗенека“ во рамки на иницијативата КОВАКС, но дозите останале на залиха кај производителот од јули 2021 година, па рокот изминал.
Земјите во развој не ги прифатиле вакцините „поради ограничената побарувачка за вакцини и тешкотиите при нивната дистрибуција“.