Еден играч во Калифорнија освои 2,04 милијарди долари на лотарија, соопшти официјалната веб-страница на лотаријата „Пауербол“, што е рекордна добивка во светот.
По неколку недели без добитник, само еден тикет ја освоил премијата со броевите 10, 33, 42, 47, 56 и 10, соопшти лотаријата.
„Калифорниската лотарија го доби првиот милијардер во својата историја“, објави Калифорниската лотарија, истакнувајќи дека среќниот билет е продаден во сервисниот центар Џо во Алтадена, Калифорнија.
Среќниот добитник треба да избере дали сака да ја добие целата сума, но на рати во текот на три децении, или да биде платена одеднаш, со 997,6 милиони долари.