Екс-шефот на Комитетот за национална безбедност на Казахстан – Карим Масимов е уапсен под обвинение за предавство. Тој беше сменет од функцијата како последица на немирите што ја потресоа земјата.
Локалните медиуми јавуваат дека освен него, приведени се уште неколку други лица блиски до Масимов, но засега не се откриваат повеќе детали.
Инаку, вчера рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со казахстанскиот претседател – Касим-Жомарт Токаев за ситуацијата во Казахстан.
И францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен вчера во Париз изразија загриженост за ситуацијата во Казахстан
Безбедносните сили вчера ја презедоа контролата врз улиците на главниот град на Казахстан по неколкудневни насилства, а претседателот, за време на обраќањето до нацијата, издаде наредба да се отвори оган „врз терористите“ без предупредување.