Во Италија се прави најскапата пица во светот која чини повеќе од 10.000 евра. Таа може да се нарача во крајбрежниот град Салерно.
Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот го има готвачот Ренато Виола.
Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки.
Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар – „Осиетра ројал престиж“, „Каспија осиетра ројал класик“ од Иран, „Каспија белуга“ и седум вида сирење.
За да се подготви пицата потребни се 72 часа.
Во неа има и јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот.
„Луј Тринаесетти“ се служи со шампањ „Круг кло ду меснил“ или со ликер „Карта реал санчез ромат финос“.