
Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година
Турскиот завод за статистика (ТУРКСТАТ) објави дека годишната инфлација во мај достигнала 35,4 проценти – најниска стапка од ноември 2021 година. Од друга страна, според проценките на Групата на независни економисти (ENAG), инфлацијата во истиот период била дури 71,2 проценти.
Во мај трошоците за живот на четиричлено семејство во Истанбул достигнале 91.722 турски лири (речиси 2.500 евра), што е зголемување од 49,09 проценти во споредба со истиот месец лани, покажува истражување на Агенцијата за планирање на Истанбул (İPA), објавено од порталот Туркиш Минит.
Минатата година, во мај 2024, истите трошоци биле 61.523 турски лири (околу 1.600 евра). Според истражувањето, за покривање на овие трошоци потребни се повеќе од четири минимални плати. Во моментов, минималната плата во Турција изнесува 22.104 турски лири (приближно 596 евра).
И покрај растот на трошоците за живот, официјалната статистика покажува различни податоци за инфлацијата. Турскиот завод за статистика (ТУРКСТАТ) објави дека годишната инфлација во мај достигнала 35,4 проценти – најниска стапка од ноември 2021 година. Од друга страна, според проценките на Групата на независни економисти (ENAG), инфлацијата во истиот период била дури 71,2 проценти.