Во Истанбул е уапсен лажен доктор, по земјотресот измамил десетици луѓе

Неда Ергун (29) веднаш по земјотресот во Турција отишол во погоденото подрачје и се претставил како доктор – неврохирург и измамил десетици луѓе. Тој се обидувал да собере пари од луѓе за наводно да купи лекови, а бил приведен во Истанбул кога било откриено дека не е лекар, пренесува РТС.

Ергун е измамник од претходно познат на полицијата и уште пред земјотресот имал криминално досие за 40 различни измами. На вториот ден од земјотресот на сите во Хатај им се претставил како неврохирург.

Некои од волонтерите дури ги продале своите телефони и му ги дале парите на Ергун. Кога се дознало дека не е лекар, бил уапсен во Истанбул.