
Израелските напади врз Иран убија најмалку 224 лица, а повредија повеќе од 1.000 од петокот, соопшти иранското Министерство за здравство.
-По 65 часа агресија од страна на ционистичкиот режим, 224 жени, мажи и деца загинаа како маченици, напиша портпаролот на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур.
Повеќе од 90 проценти од жртвите беа цивили, додаде тој.
Израел започна невиден напад врз иранските воени и нуклеарни објекти во петокот наутро, велејќи дека целта му е да ја спречи Исламската Република да развива нуклеарно оружје. Иран одговори со напад врз Израел со стотици ракети и дронови.