Во изминатото деноноќие произведени 10 557 мегават-часови електрична енергија
АД ЕСМ вчера произведe 10 557 мегават-часови електрична енергија наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.
– Во термоелектраните се произведени 8614, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1943 мегават-часови. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1600 мегават-часови електрична енергија, ги соопшти владината прес-служба податоците преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 29 април 2023.