Во „Знаење што менува“ со Гоце Аргиров еден од најбараните тренери за најновите Microsoft технологии во светот
➡Гоце има обучувано професионалци од компании како Volvo, Boeing, Microsoft, Shell, NATO и Обединетите нации, а неговиот фокус е токму таму каде што се креира иднината – во екосистемот на Microsoft Copilot, AI услуги и интелигентни агенти.
Во „Трилинг“ зборуваме за знаење што менува кариери и за луѓе кои ја носат иднината поблиску до сите нас. Наш гостин е Гоце Аргиров, Microsoft Certified Trainer со меѓународно реноме и еден од најбараните тренери за најновите Microsoft технологии во светот.
Гоце има обучувано професионалци од компании како Volvo, Boeing, Microsoft, Shell, NATO и Обединетите нации, а неговиот фокус е токму таму каде што се креира иднината – во екосистемот на Microsoft Copilot, AI услуги и интелигентни агенти.
Со практичен пристап, динамичен стил и јасна визија, тој инспирира илјадници луѓе ширум светот да напредуваат и да станат лидери во својата област.
Во „Трилинг“ со поддршка на Семос Едукација разговараме за тоа како AI и Copilot агентите ја менуваат секојдневната работа.