Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Ханибал Гадафи е префрлен од затвор во Либан во болница, во тешка состојба, јавува телевизијата „Ал Хадат“ со седиште во Дубаи.
– „Ал Хадат“ наведува, повикувајќи се на неименувани извори, дека Гадафи страда од нагло опаѓање на нивото на шеќер во крвта – пренесува Ројтерс.
Гадафи штрајкуваше со глад минатиот месец во знак на протест поради тоа што е затворен без судење од 2015 година.