(Во живо) Почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Судницата во близина на затворот „Идризово“ е под засилени безбедносни протоколи. Членови на семејствата на жртвите пристигнуваат за да го проследат процесот во кој треба да се открие одговорноста за невидената трагедија во која загинаа 63 млади луѓе, а во процесот обвинети се 35 физички и три правни лица.
Денеска во 9.30 часот почнува едно од најголемите судење во Македонија – судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица.