Полицијата од Албанија синоќа во градот Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била С. Македонија.
„Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од С. Македонија“ – се вели во полициското соопштение.
Пакетчињата со кокаинот биле завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.
Надлежните започнаа истрага за документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во кривичното дело.