Во Драч се запленети 2.275 тони нафта шверцувана од Либија

Во албанското пристаниште Драч е запленет танкер кој превезувал 2.275 тони нафта од Либија во Албанија.

„Кодираната операција „Ринг“ беше финализирана по неколкумесечна истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција во државната полиција, локалната дирекција на полицијата и граничната полиција Драч, со поддршка на поморската капетанија и крајбрежната стража, под раководство на Обвинителството на судскиот округ Драч“ – соопшти тамошната полиција.

Според истиот извор уапсени се четири лица, на возраст од 25 до 54 години, а меѓу нив и капетанот на бродот.

Како материјален доказ полицијата го запленила танкерот, нафтата и неколку мобилни апарати.