Премиерот на Грција – Киријакос Мицотакис синоќа најави дополнителни мерки за поддршка на домаќинствата и претпријатијата за да се изборат со високата цена на струјата.
Според најавата на грчката Влада, ќе се пристапи кон „храбра интервенција“ за постигнување на „најдраматичното намалување на цената на киловат-часот“, за финансиски да се растоварат и оние кои не се корисници на државна помош, а имаат помали примања.
Според медиумите, целта е цената да се намали на 0,15 до 0,16 евра по киловат-час.
Без државни субвенции цената е од 0,33 до 0.35 евра по киловат-час.
За оние кои добиваат месечна субвенција, цената на киловат-час минатиот месец паднала на 0,21 до 0,27 евра по киловат-час.