Во населба во Атина вчера бил уапсен поранешниот градоначалник на Букурешт, Сорин Опреску (71), јавуваат грчките медиуми.
Според информациите, Опрески кој во периодот од 2008 до 2015 бил градоначалник на Букурешт, бил уапсен поради европската потерница и се товари за поткуп, формирање организирана криминална група, корупција и перење пари.
Грчки „Катимерини“ објави дека минатиот петок судот во Букурешт го осудил Опреску на затворска казна од 10 години и 8 месеци, а полицајците не го пронашле во неговиот дом, по што била издадена меѓународна потерница.