
Во Германија откриена нова варијанта на ковид-19 – „Франкенштајн“
Во Германија моментално доминира сојот ХФГ (XFG), кој медиумите го нарекоа „Франкенштајн“. Овој сој е поврзан со непријатен симптом – силна болка во грлото, заедно со другите типични знаци на болеста, објави Евроњуз.
Со доаѓањето на есента, нови варијанти на вирусот што предизвикува ковид-19 повторно се шират низ Европа. Во Германија моментално доминира сојот ХФГ (XFG), кој медиумите го нарекоа „Франкенштајн“. Овој сој е поврзан со непријатен симптом – силна болка во грлото, заедно со другите типични знаци на болеста, објави Евроњуз.
Зошто го нарекуваат „Франкенштајн“?
Прекарот не е случаен. Како и митското чудовиште составено од различни делови на телото, варијантата ХФГ претставува рекомбинација, односно мешавина од две постоечки подлинии на вирусот – Лф.7 и ЛП.8.1.2. Вирусите природно мутираат со текот на времето, а терминот „Франкенштајн“ за ваквите рекомбинантни соеви првпат почна да се користи по појавата на варијантата Омикрон во Јужна Африка кон крајот на 2021 година.
Колку е распространет и дали има причина за загриженост?
Варијантата ХФГ, позната и под техничкото име „Стратус“, станала се почеста во Германија и во неколку други европски земји од средината на 2025 година.
Иако бројот на инфекции се зголеми во последните месеци, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) забележува дека трендот сега се стабилизира.
Светската здравствена организација (СЗО) и ECDC ја класифицираа ХФГ како„варијанта под надзор“, што значи дека научниците внимателно ја следат, но таа засега не претставува сериозна закана. И германскиот Институт Роберт Кох (RKI) го оцени ризикот од оваа варијанта како низок.
Кои се симптомите и што велат експертите?
Иако медиумите често ја споменуваат „острата, како брич сензација во грлото“ како карактеристичен симптом, експертите предупредуваат дека нема докази дека овој симптом е специфичен токму за ХФГ. Силната болка во грлото и засипнатоста можат да се појават и кај други респираторни инфекции, како што е грипот.
Затоа, според лекарите, само врз основа на симптомите не може сигурно да се разликува ковид-19 од други сезонски вируси. Тестирањето, нагласуваат тие, останува единствениот сигурен начин за потврда на инфекцијата.