Бројот на илегални мигранти кои ги преминале границите на Германија намален е во првата половина од годината, соопшти федералната полиција.
Полицијата во првите шест месеци од годинава забележала 42.307 илегални преминувања, наспроти 45.338 во истиот период лани. Тоа е пад од речиси седум проценти.
Споредбата со претходните месеци покажува значително намалување на бројот на нелегални влегувања од септември 2023 година до февруари 2024 година. Во септември минатата година, федералната полиција пријави 21.375 илегални преминувања, по што следеа 20.073 во октомври, 7.497 во декември и пад на под 6.000 во февруари.
После тоа има пораст – околу 7.100 во март до приближно 7.700 во јуни. Од октомври 2023 година на копнените граници на Германија со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска воведени се физички проверки со цел да се спречи илегалната миграција и за поуспешна борба против трговијата со луѓе.
Проверките на границите со Швајцарија, Чешка и Полска ќе се вршат до 15 декември, а на границата со Австрија, каде сличен режим беше воведен веќе од есента 2015 година, ќе останат во сила до 11 ноември.