Во Гевгелија балетски концерт „Моќта на танцовата уметност“

Во рамки на ноемвриската програма на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на танцовата уметност вечер ќе имаат можност да уживаат во Балетскиот концерт „Моќта на танцовата уметност“, кој ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, информираа од Општината.

Носител на проектот е ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, една од најреномираните уметнички образовни институции во државата, чие гостување во Гевгелија се реализира во соработка со Домот на културата „Македонија“.

Во информацијата се наведува дека публиката ќе има можност да го проследи Годишниот концерт на балетскиот оддел со настапи на учениците, кои со својата посветеност, дисциплина и љубов кон уметноста, создаваат сцена исполнета со емоции, радост и гордост.

-Секое движење, секој чекор и израз ќе биде приказна за трудот и талентот на овие млади балетски уметници, кои со својата изведба го претвораат танцот во вистинска уметничка моќ, се додава во информацијата.