Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа во претходните 24 часа загинале 46 лица.
Новиот биланс на загинати од 7 октомври 2023 година, кога започна војната меѓу палестинското исламистичко движење и Израел, изнесува 35.903, се наведува во соопштението.
За повеќе од седум месеци за време на таа војна, во Појасот Газа беа ранети вкупно 80.420 луѓе.