Во време на тишина, театарот треба најгласно да зборува – актерката Минчева Андонова за кризата и надежта

„Со последниве случувања мислам дека на површина доста изби депресијата, но сепак во животот постојат нешта за кои вреди да се живее. Трагедијата во Кочани, претходно Ковид пандемијата, сета таа затвореност на луѓето ги оддалечи едни од други. Заборавивме да зборуваме едно со други, заборавивме да се слушаме едни со други и сета таа таа затвореност мислам дека кај младите доведе да има се поголема анксиозност и панични напади. За тоа мислам дека треба отворено да се зборува, затоа што кога ќе признаеме дека имаме проблем многу полесно тој проблем се решава“, изјави во „Трилинг“ актерката Марија Минчева Андонова говорејќи околу времето во кое живееме, депресијата, гневот, апатичноста кај младите, општествените предизвици кои се пред нас.

За театарот како институција и колку самостојни, независни проекти го ангажираат креативниот потенцијал, Минчева Андонова вели дека Центар за култура, бидејќи не се водат како театар во Штип, од Министерството годишно добиваат два до три проекти.

„Обично успеваме да одработиме една детска и една целовечерна претстава. Јас сметам дека тоа не е доволно. Еве моите колеги кои се не немногу повозразни од мене, порано имале девет до десет премиери годишно, што е за поздрав.

-Ние како Центри за култура како малку да сме запоставени, а не сме ништо подалеку едни од други. Имаме исто образование, но поголем дел од работите се сконцентрирани во Скопје и буџетите во Центрите за култура се помали за разлика во театрите., вели Минчева Андова и додава дека партиите и политиката треба да застанат малку понастрана од целата култура и театарскиот свет за да може послободно да се работи.

„Навистина не знам зошто ги намалуваат буџетите, можеби затоа што ние не сме профитабилна компанија“, додава Минчева Андонова.

Целиот разговор погледнете го во видеото.