Во СВР Велес на 10 јули во 02:30 часот од страна на Територијална противпожарна единица било пријавено дека на улица „Димитар Влахов“ било опожарено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 19 годишниот К.Д. од Велес.
Како што информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.