Во Ватикан средба Макрон, Стармер, Зеленски и Трамп

По 15-минутната средба во базиликата Свети Петар во Ватикан помеѓу украинскиот и американскиот претседател, пред погребот на папата Франциск, Володимир Зеленски и Доналд Трамп се сретнаа со францускиот претседател и британскиот премиер.

– Можам да потврдам дека претседателот (Емануел) Макрон навистина разговараше со Трамп, Зеленски и (Кир) Стармер и оти разговорот беше позитивен, изјави претставник на Елисејската палата.

Претходно, Белата куќа средбата Трамп – Зеленски ја оцени како „многу продуктивна“.

Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров најави дека во текот на денот ќе има уште една средба помеѓу Зеленски и Трамп.

Лидерите се согласија да ги продолжат разговорите денеска. Тимовите работат на организирање на продолжението на состанокот, посочи Никофоров.