Во Бургас утрово е приведен возач на камион со повеќе од стотина илегални мигранти, соопшти портпаролката на Регионалната управа на МВР во градот, Цветелина Рандева.
Идентификуван е возачот на камионот – 60 годишен македонски државјанин.
Камион е запрен во 06:45 часот на булеварот „Захари Стојанов“. Се превезувале само мажи со авганистанско потекло. Утврдено е дека истите се качиле во областа Дебелт, а камионот отишол кон Бургас.
Таму бил спречен од полициски службеници на четвртата подрачна служба на подрачната управа на МВР во приморскиот град.
За случајот е поведена предистражна постапка.