Во Бугарија тепачка за зејтин!

Промоција на зејтин во продавниците во Бугарија, па поради тоа дошло до големи редици и турканици.

Шише масло 2,99 лева (околу 90 денари) е промоцијата која доведе до хаос низ продавници низ Бугарија, а 74-годишен маж починал во пристанишниот гард Бургас додека чекал да дојде на ред.

Според информациите на бугарските медиуми, човеот починал додека чекал ред за масло во еден од големите хипермаркети во комплексот Славејков во Бургас. На местото на настанот пристигнала брза помош која констатирала смрт.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат луѓе кои трчаат до вратите на продавницата во областа Света Троица во Софија за да стигнат навреме за промоцијата.

https://www.facebook.com/watch/?v=501219014936709