Во британскиот парламент ќе се гласа доверба за премиерот Џонсон

Во британскиот парламент денеска ќе се гласа недоверба за актуелниот премиер – Борис Џонсон. Ова доаѓа откако пратеникот Греам Брејди најави дека 15% од пратениците бараат да му се изгласа недоверба на премиерот, поради што гласањето ќе се организира денеска во текот на денот.

„Во согласност со правилата, денеска од 18 до 20 часот ќе се гласа за недоверба. Веднаш потоа ќе се пребројат гласовите. Соопштение ќе биде објавено во догледна иднина“ – изјави Брејди.

Министерот за здравство – Саџид Џавид навести дека Џонсон може да се соочи со гласање денеска, иницирано од незадоволните пратеници од Конзервативната партија, која тој ја предводи.

Џонсон е жестоко критикуван и во својата партија поради забавите кои се одржуваа за време на пандемијата на Ковид 19, а поради учество на една од нив, премиерот беше парично казнет.

Во случај пратениците да му изгласаат недоверба на Џонсон, тој ќе биде сменет од премиерската функција.