Повеќе од 10.000 пациенти со Ковид-19 се во болниците во Англија, за првпат од почетокот на март, додека бројот на нови инфекции во Велика Британија е повеќе од 183.000 во еден ден. Ова е нов рекорд предизвикан од брзото ширење на сојот Омикрон.
Велика Британија досега забележа 148.037 смртни случаи како последица на Ковид 19.
До синоќа, во болниците во Британија имало 10.462 лица, што е рекордна бројка незабележана од почетокот на март.
Во Лондон вчера во болниците имало 3.310 лица со коронавирус, што е за 63 отсто повеќе од минатата недела и најголем број од февруари годинава.