Емануел Макрон – претседателот на Франција се сретнал со премиерот на Бугарија – Кирил Петков во Брисел, на маргините на Самитот ЕУ – Африканска унија. Макрон и Петков, според информациите, разговарале за кризата во Украина, но се осврнале и на спорот меѓу Бугарија и С. Македонија.
„Претседателот на Француската Република го охрабри продолжувањето на дијалогот за изнаоѓање решение за спорот што ќе овозможи официјално отворање на преговорите за членство за Северна Македонија и Албанија“ информираа француски дипломати.