Во Брисел денеска почнува дводневен самит на ЕУ

Денеска во Брисел почнува дводневниот Самит на ЕУ.

Самитот ќе започне со работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите преку видео-конференција.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, вели дека ЕУ ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да и помогне на Украина“, што вклучува продолжување на работата за користење на замрзнатите руски средства.