Во Брисел, големи демонстрации во знак на поддршка на Палестинците

Десетици илјади луѓе, помеѓу 70.000 според полицијата и 120.000 според организаторите, денеска маршираа низ улиците на Брисел во знак на солидарност со Палестинците.

Десетици илјади луѓе, помеѓу 70.000 според полицијата и 120.000 според организаторите, денеска маршираа низ улиците на Брисел во знак на солидарност со Палестинците.

Учесниците побараа дополнителни мерки против Израел за заштита на палестинските цивили.

Белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, во петокот изјави дека Европската унија „не ги исполнува своите одговорности“ во врска со војната во Појасот Газа и дека нејзиниот кредибилитет во надворешната политика „паѓа“.

Прево алудираше на поделбите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ кои со месеци не беа во можност едногласно да се договорат за санкции против Израел поради разорната војна што се води на палестинската територија на Појасот Газа како одговор на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Многу ограничениот пристап до хуманитарна помош за цивилното население ги наведе ОН да прогласат состојба на глад во Појасот Газа на крајот на август.

Соочена со таа ситуација, Белгија неодамна одлучи еднострано да воведе низа санкции (економски и конзуларни) против Израел и одредени министри во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Белгија вети дека ќе им се придружи на земјите, вклучително и Франција, кои ќе признаат палестинска држава на маргините на следната сесија на Генералното собрание на ОН.