Во Босна наместо гранична полиција, мечка бркаше мигранти!

Неколку мигранти, кои се обиделе илегално да преминат од Босна и Херцеговина во Хрватска преку планината Плешевица, биле тешко повредени во напад на мечка пред неколку дена.

Инцидентот се случил на заедничка рута по која се движат мигрантите, а можел да заврши трагично доколку еден од нападнатите илегалци немал нож со кој успеал да се одбрани и да го избрка ѕверот.

Иако во овој напад никој не го загуби животот, несреќните мигранти се здобиле со тешки повреди. Граничната полиција на Босна и Херцеговина, која подоцна ги пронашла мигрантите, ја известила СОС Бихаќ, организација која им помага на мигрантите во овој град.

Мигрантската рута преку планината Плешевица се смета за најтешка и најопасна поради дивите животни, но мигрантите ја избираат за полесно да ги избегнат патролите на граничната полиција кога се обидуваат илегално да влезат во Хрватска и во ЕУ.