Во болница почина затвореник кој бил сместен во затворот во Шутка

Рано утрово било пријавено дека 65-годишен осуденик од Тетово кој казната ја издржувал во скопскиот затвор во Шутка, починал во Клинички центар.

Претходно бил пренесен во болницата поради здравствени проблеми.

МВР го објави инцидентот во дневниот билтен:

На 29.10.2023 во 00.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека осуденикот Н.Е.(65) од Тетово починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што претходно бил пренесен поради здравствени проблеми. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.