Новороденче кое поради ентеровирус итно беше пренесено од општата болница „Д-р Анѓелко Вишиќ“ на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб денеска почина. Станува збор за дете кое од првиот ден на инфекцијата било во тешка состојба, а лекарите со сите сили се труделе да му го спасат животот.
„За жал, можам да потврдам дека бебето почина. Иако во одредени моменти изгледаше како да се подобрува, за жал здравствената состојба се влоши“, изјавила за хрватските медиуми директорката на Општата болница Бјеловар – Санела Грбаш Братковиќ.
Се работело за бебе кое од почетокот било во најлоша состојба бидејќи добило миокардитис од ентеровирус.
Инаку, осум новороденчиња родени во родилиштето во Бјеловар се заразиле со ентеровирус.
„Ситуацијата се смири, нема повеќе пациенти. Тестирањето се врши редовно, но нема нови инфекции. Немаме ниту хоспитализирани пациенти“, рекла Грбаш Братковиќ.