Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој е познат по провокациите и навредите кон Македонија, вчера побара од жителите на Благоевград да излезат на протест поради отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Џамбаски, кој е потпретседател на партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, на Фејсбук објави фотографии од надвозници во близина на Благоевград, на кои неговите активисти поставиле транспаренти со натпис „Македонија е бугарска“.
ВМРО-БНД за денеска најави протест против отворањето на македонскиот културен центар, но според најавите тој нема да се одржи кај клубот „Никола Вапцаров“, туку на друго место во Благоевград.