Во Битола промоција на документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“

Македонско-турско здружение „Кемал Ататурк“ вечер во Битола премиерно ќе го емитува документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“.

Македонско-турско здружение „Кемал Ататурк“ вечер во Битола премиерно ќе го емитува документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“.

Проекцијата на филмот е во рамки на празничната програма на Општина Битола организирана по повод денот на ослободувањето на градот, изјави за МИА Шенол Мемиш, продуцент на документарецот.

– Документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ го снимавме со камерманот Дејан Младеновиќ, а главен соговорник е Стефан Бошков, внук на народниот херој Стив Наумов. Документарниот филм, во 90 минути, нуди сведоштва за животот на Стив Наумов, јавноста ќе биде запознаена со родната куќа на Наумов, која минатата година беше реконструирана од НУ Завод и Музеј-Битола, но и други локации кои се поврзуваат со животот и делото на македонскиот народен херој, посочи Мемиш.

Документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ ќе се емитува во кино „Манаки“, а влезот е бесплатен, посочија од здружението „Кемал Ататурк“-Битола.