Во Битола почнува кампања „Поддршка за згрижувачките семејства“
Во Битола денеска почнува кампања „Поддршка за згрижувачките семејства“ со која се оддава признание на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост и овозможува помош и промени во животите на децата на кои тоа им е најпотребно.

Како што е најавено од организаторите, на настанот ќе бидат присутни Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, и Петар Денковски, директор на ВЕРО.
Националната кампања која се спроведува под платформата „ВЕРО за тебе“ го нагласува значењето на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост.
– Се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика со што ја истакнува моќта на партнерството меѓу ВЕРО како значаен дел од бизнис секторот и Владата за поддршка на целата заедница, се наведува во соопштението од организаторите.