Во Берлин канцеларот Шолц на средба со Вучиќ и Курти

Претседателот на Србија – Александар Вучиќ и косовскиот премиер – Албин Курти денеска се во Берлин. Ќе имаат средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, но и со германскиот канцелар – Олаф Шолц.

„На покана на канцеларот Шолц, специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак ќе отпатува во Берлин за да се сретне со канцеларката, а потоа ќе одржи посебна неформална средба со претседателот Вучиќ и премиерот Курти“ – рече Петер Стано, портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Средбата во Берлин ќе биде прва меѓу Вучиќ и Курти од јули минатата година, кога се сретнаа во рамки на „бриселскиот дијалог“.

Вучиќ и Курти минатото лето се сретнаа во два наврати, но двете средби завршија со меѓусебни обвинувања и не доведоа до резултат.