Српската полиција уапси 11 членови на организирана криминална група осомничена за криумчарење илегални мигранти во белградско.
Уапсени се српски државјани, кои се осомничени дека овозможувале илегален транзит преку Србија до границата со БиХ на најмалку 59 илегални мигранти, вклучително и државјани на Ирак и Сирија, со цел нивно натамошно пренесување во Европската унија од ноември 2023 година. Срна.
На овој начин членовите на криминалната група се стекнале со противправна финансиска корист од 150 до 250 евра по мигрант.
Оваа криминална група организирала прием на илегални мигранти на територијата на Србија, во близина на државната граница со Бугарија, во Димитровград, Босилеград, Зајечар и прифатниот центар во Тутин, а потоа илегален транзит до Белград или до државната граница со Босна и Херцеговина. .
Уапсените ќе бидат спроведени во Јавното обвинителство за организиран криминал, по што ќе бидат сослушани од јавен обвинител.
Тие се сомничат дека сториле кривично дело нелегално преминување на државната граница и криумчарење луѓе, соопшти Обвинителството за организиран криминал.