Во Белград голем подготвителен состанок за Експо 2027
Првиот состанок за планирање на меѓународно учество на специјализираниот саем Експо 2027 Белград ќе се одржи денеска кога претставници од повеќе од 140 земји учеснички ќе имаат можност да ги посетат работите на градилиштата.

Повеќе од 140 земји го потврдија своето учество, со 350 делегати.
Во главниот град на Србија веќе пристигнаа највисоките претставници на држави од целиот свет, министри, заменик-министри, државни секретари, амбасадори и директори на национални институции, кои ги водат клучните политики во областите на надворешната трговија, економскиот развој, спортот, туризмот, културата, иновациите, образованието и младите.
Според директорот за меѓународна соработка на компанијата „Експо 2027 Белград“, Игор Ковачевиќ, се е подготвено за настанот и голем број странски делегации веќе пристигнаа во Србија. Целта на настанот е учесниците да се запознаат со резултатите од подготовките за специјализираната изложба што ќе се одржи во Белград во 2027 година како и понатамошните чекори и активности.
Тоа е првиот од четирите подготвителни состаноци и Србија има доволно време да биде подготвена за 15 мај 2027 година, кога официјално започнува Експо.