Во белградската трагедија животот го загубила ќерката на екстренерот на Црвена ѕвезда

Ќерката на поранешниот тренер на одбојкарскиот клуб Црвена Ѕвезда, Драган Кобиљски е меѓу убиените ученици во училиштето во Белград, јавуваат српските медиуми.

Кобиљски во моментот работи како тренер во романскиот клуб Залау, беше одбојкар на Партизан, а потоа тренер на Црвена Звезда.

„Сите сме шокирани и потресени. Не знам што да кажам. Голема трагедија и незамисливо тоа да се случи на овие простори. Со Драган се познаваме долго, игравме заедно, а сега сме во роднински врски“, изјавил Жељко Танасковиќ, близок пријател на Кобиљски за „Хотспорт“.