![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/carabinieri-730x430.webp)
Во антимафијашка операција на Сицилија уапсени 181 лице
При операцијата е откриен обид на Коза Ностра да ја обнови својата регионална структура и да ја зголеми својата моќ, јавија италијанските медиуми.
За време на голема операција против членови на мафијата во областа Палермо, уапсени се 181 лице, меѓу кои и водачи и изнудувачи од различни мафијашки групи.
Истрагата ја водеа карабинерите, а ја координираа обвинителот Маурисио де Лусија и заменик-обвинителката Марсија Сабела.
При операцијата е откриен обид на Коза Ностра да ја обнови својата регионална структура и да ја зголеми својата моќ, јавија италијанските медиуми.