Во Албанија учениците од четврто одделение ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција

Министерката за образование и спорт, Огерта Манастирлиу нагласи дека до 2026 година, над 600 училишта ќе имаат и паметни лаборатории за развој на дигиталните вештини кај децата.

За првпат во новата учебна 2025/2026  година, учениците од четврто одделение во Албанија ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција.

Министерката за образование и спорт, Огерта Манастирлиу нагласи дека до 2026 година, над 600 училишта ќе имаат и паметни лаборатории за развој на дигиталните вештини кај децата.

-Пред три години започнавме ИКТ програма од прво одделение, но со технолошкиот развој, можевме во реално време да ги следиме достигнувањата на учениците кои изучуваа програмирање минатата година и продолжуваат оваа година. Научивме околу 35 илјади деца како да програмираат, но од друга страна, ја одобривме и новата наставна програма за четврто одделение, која за првпат ќе им обезбеди на учениците основни познавања за вештачката интелигенција, рече Манастирлиу.