Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на законот за амнестија.
Бројот на осудените кои имаат корист е 1100, од кои 700 ќе бидат веднаш ослободени, а уште 400 ќе имаат намалена казна.
Исто така, амнестирани се и 2.700 лица на условна казна.
Согласно законот објавен во службениот весник на Албанија, од ова помилување корист ќе имаат лицата на кои им е правосилна пресудата до 31 март 2024 година.
Според законот, осудените мажи на затворска казна до 4 години, а не ја одлежале целата казна како и жени кои се осудени на пет години или не одлежале пет години од својата казна ќе имаат корист од амнестија.
Жените кои се постари од 50 години, мажите над 60 години и лицата кои имале под 18 години кога ја добиле пресудата.
Согласно амнестијата 11 жени и 11 малолетни лица веднаш ќе бидат ослободени.
Албанското собрание на почетокот на месецот со 110 гласа „за“ го изгласа Законот за кривична амнестија.
Кривичната амнестија беше одобрена од албанската Влада на 6 декември минатата година, а се очекуваше да се спроведе на крајот на годината. Бидејќи опозицијата не гласаше, законот остана заложник на обезбедувањето на квалификуваното мнозинство од 84 гласа. Иако беше определено да се гласа на седницата на 22 февруари годинава, претседателот на Собранието беше принуден да го повлече од дневен ред бидејќи парламентарното мнозинство ги немаше потребните гласови.