Во Албанија над една третина од тестираните се позитивни на Ковид-19
Повеќе од една третина од ковид-тестираните, во последното деноноќие во Албанија се позитивни на Ковид-19, информираше тамошното МЗ.
„Продолжуваат рекордните бројки на новозаразени на дневно ниво, што е последица на непочитувањето на мерките и протоколите. Во последното деноноќие опасниот вирус е потврден кај 2.230 граѓани, што е 33,7 отсто од тестираните. Апелираме на строго почитување на мерките за заштита и што поитна имунизација“ – соопштија од МЗ на Албанија.
Во земјата има 24.436 активни случаи на коронавирус.