Во агресијата во Украина загинаа најмалку 79 деца

Главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале во земјата најмалку 79 деца.

Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим, вели тој.

Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога.

Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички и Дњепар.