Во Австралија рекордни 50,7 степени Целзиусови
Рекордно висока температура во Австралија, во градот Онслоу, на западниот брег. Таму беа измерени 50,7 степени Целзиусови.
„Би-Би-Си“ јавува дека е израмнет рекордот од 1962 година, тогаш во јужниот дел на Австралија биле измерени идентични 50,7 степени.
Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време.
И градовите Марди и Роборн вчера пријавија температури над 50 степени.
Метеоролозите предвидуваат – температурите утре дополнително ќе растат.