Во август најзастапени потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските кредити

Вкупните депозити во август бележат зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кредитите раст од 12,9 проценти. 

Вкупните депозити во август бележат зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кредитите раст од 12,9 проценти.

Според податоците што денеска ги објави Народната банка, кај депозитите поизразен е растот во секторот домаќинства, а кај кредитите во корпоративниот сектор.

Кај физичките лица најзастапени во август биле потрошувачките и станбените кредити кои бележат годишно зголемување од 9,9, проценти и 15,5 проценти, додека автомобилските кредити бележат годишен пад од 2,5 проценти. Кај кредитите одобрени на кредитните картички има намалување на годишно ниво од 7,1 процент.